Во сараевската населба Ступ вчера имало пукање во коешто се повредени две лица, а медиумите првично објавија дека бил застрелан раперот Амар Хоџиќ, попознат како Буба Корели и неговиот братучед.

Како штто јави Танјуг, раперот ги порекнува наводите дека тој бил целта.

Полицијата потврди дека две лица се повредени во пукањето што се случило попладнето. Тие биле пренесени во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.

Едно лице е приведено на местото на настанот поради сомнение дека е поврзано со престрелката.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2021 11:09