Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје ја започнува кампањата „Остани безбеден“ во Основното училиште „Киро Глигоров”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Кампањата е во соработка со Општина Центар и Mисијата на ОБСЕ во Скопје, а на учениците ќе им бидат донирани заштитни маски и флуоросцентни трепкачи.

Целта на активностите е едукација и зголемување на безбедноста на најмладите учесници во сообраќајот, како и подобрување на културата на однесување во сообраќајот.

-Со превентивни активности како составен дел на редовното полициско работење кое се заснова на партнерство помеѓу полицијата, локалната самоуправа и граѓаните започнуваат превентивните активности со учениците кои посетуваат настава од прво, второ и трето одделение. Со едукативна работилница од областа на безбедноста во сообраќајот и посета на сообраќајница ќе се презентира правилно и безбедно минување на улица со почитување на сообраќајната сигнализација и правилата во сообраќајот, стои во соопштението од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2021 12:16