Петдневната блокада во Викторија, Австралија, ќе заврши како што беше планирано на 17 февруари во 23:59 часот по локално време, освен ако во средата наутро не дојде до скок на позитивни случаи со коронавирус.

Државната влада денес одржа состанок за финализирање на планот за завршување на „локдаунот“ в четврток, објави „Herald Sun“.

Планот за повторно отворање на државата се очекува да биде одобрен утре наутро. Според изданието, гледачите повторно ќе бидат примени на Австралија опен, но нивниот број ќе биде намален во споредба со првично предвидениот.

Новинарот Хозе Моргадо известува дека 12.500 навивачи ќе бидат примени на полуфиналните и финалните мечеви на Грен слемот во Мелбурн.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2021 16:08