Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ попладнево се врати од брејк негатива во третиот и во четвртиот сет, во кој спаси и сет топка на противникот, за на крајот да го совлада Александар Зверев со 3:1 (6-7, 6-2, 6-4, 7-6), и по деветти пат да обезбеди пласман во полуфиналето на Австралија Опен.
Мечот траеше три часа и 30 минути.
За Ѓоковиќ, кој ја брани титулата на Австралија Опен, ова ќе биде 39. грен-слем полуфинале во кариерата, а во сите осум претходни во Мелбурн на крајот српскиот тенисер го освојуваше трофејот.
Негов противник во полуфиналето ќе биде најголемата сензација на првиот годинашен грен-слем, Аслан Карацев.
Рускиот тенисер, кој е 114-то рангиран на АТП листата обезбеди настап на завршниот турнир преку квалификации, а во четвртфиналето славеше над бугарскиот тенисер Григор Димитров со 3:1 во сетови.
Ѓоковиќ и Карацев досега немаат играно меѓусебе.