Австриската екипа во Формула 1, Ред Бул, соопшти дека е постигнат договор за продолжување на соработката со Хонда за користење на моторите на јапонскиот производител до крајот на 2024 година.
Хонда во октомври лани најави дека ќе го напушти првенството на Формула 1 на крајот на 2021 година, а со оваа одлука Ред Бул и неговиот втор тим Алфа Таури ќе продолжат да возат со оваа марка јапонски мотори и во следните години.
Во досегашната двегодишна соработка, Ред Бул оствари пет победи во Формула 1, а по истекот на соработката со Хонда постои можност австриската екипата самата да почне со производство на мотори.