Поранешната австралиска пливачка ѕвезда Скот Милер (45) е приведен под обвинение за трговија со дрога, јавија денеска локалните медиуми, наведувајќи дека полицијата во неговиот стан пронашла метамфетамин во вредност од два милиони австралиски долари.

Во полициската акција е приведен уште еден маж на возраст од 47 години, во чиј дом се пронајдени килограм хероин, 75.000 американски долари во готовина, мобилни телефони, документи и шифрирани електронски апарати.

Милер, кој на Олимписките игри 1996 година во Атина го освои сребрениот медал на 100 метри во дисциплината делфин, како и бронзата во штафетната трка 4×100 мешовито, е обвинет за раководење криминална група, додека другиот уапсен се товари за учество во криминална група. Двајцата ја дистрибуирале дрогата на подрачјето на Сиднеј.

-Ова не беше мала операција. Тие беа добро организирани и добро финансирани, истакна полицискиот инспектор Џон Вотсон.

Милер, кој една година пред Олимпијадата во Атина, стана светски првак на 100 метри делфин во Рио де Женеиро, мина шестмесечна рехабилитација во 2014 година поради зависност од метамфетамин.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2021 23:07