Пред нас е период на студени денови со исклучително ниски температури и до -15 степени, кои се загрижувачки по здравјето и животот на бездомните кучиња. Секоја зима сме сведоци на кучиња кои се измрзнати, прегладнети, во болки и грч од студот.

Појавата на хипотермија кај кучиња исто така е честа појава во зимскиот период, како последица на долгочасовна изложеност на ниски температури❄

Ги замолуваме сите граѓани да пријават бездомно куче на кое му треба згрижување на нашите телефонски броеви: 02/2575-765 и 070 327 828.

Апелираме до оние кои имаат маалски миленици: направете им привремено засолниште, отворете ги вратите од влезовите на вашиот дом, поставете топла подлога за спиење, картон, ќебенце, стара облека и оставете им сад со храна и вода.

Бездомните кучиња не секогаш можат да го поднесат силниот студ, а ние ги прилагодивме нашите капацитети за нивните потреби.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2021 11:02