Грчкиот тенисер Стефанос Циципас попладнево го совлада Шпанецот Рафаел Надал и се пласира во полуфиналето на Грен слемот Австралија опен. Во меч што траеше четири часа и осум минути, Гркот беше пред пораз по првите два сета (3:6 и 2:6), но потоа направи резултатски пресврт 7:6, 6:4 и 7:5 и стигна до триумф со 3-2 во сетови.

Циципас мечот го заврши со 17 аса, Надал со 15. Шпанецот направи две двојни грешки, Гркот ниту една, кај неизнудени грешки билансот е 37:34, додека кај „винерите“ 48:59.

Во полуфиналето на турнирот Циципас ќе игра против Русинот Данил Медведев.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Новак Ѓоковиќ (Србија) – Аслан Каратсев (Русија).

Турнирот во Мелбурн се игра за награден фонд од 55,2 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2021 15:29