Поранешниот предводник на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван е назначен денеска за нов селектор на Босна и Херцеговина (БиХ).
Назначувањето на 54-годишниот хрватски стратег доаѓа неколку часови, откако раководството на Ракометната федерација на БиХ, незадоволно од резултатите во тековните квалификации за пласман на Европското првенство, му врачи отказ на досегашниот селектор Билал Шуман.
Обрван, кој беше македонски селектор од 2013 до 2016 година, ќе дебитира на клупата на БиХ на 14 март на домашен терен против Австрија.
По три одиграни натпревари во евроквалификациите, репрезентацијата на БиХ има ефект од една победа и два порази.