Поради планирани технички зафати во електроенергетскиот систем во Градот Скопје утре без напојување со електрична енергија ќе бидат дел од корисниците во село Бердовци и во Чаир.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи во периодот од 07:40 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците во дел од село Бардовци во општина Карпош, а од 10:00 до 15:00 часот и корисниците и објектите околу Арена Петрол – на булеварот „Македонско Косовска Бригада“ и на улиците „Стојко Јовановски“, „Лазар Личеноски“, „Пере Тошев“ и „380“, како и дел од улиците „Славеј Планина“, „Максут Садик“ и „Прохор Пчински“ во општина Чаир.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2021 11:31