Без вода денеска ќе бидат улиците „Крсте Асенов“ 7/2 во Чаир и „Радишанска“ 11 во Радишани, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.

Како што информираат од претпријатието, прекинот на водоснабдувањето на улицата „Крсте Асенов“ 7/2 е поради дефект на затворач ф-80мм на истата улица и ќе трае до санацијата на дефектот.

Оттаму дополнуваат дека Прекинот на улицата „Радишанска“ 11 е поради уличен дефект на истата улица и ќе трае до санацијата на дефектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2021 11:55