Швајцарката Лара Гут – Бехрами го освои денеска златниот медал во велеслалом на Светското првенство во алпско скијање во Кортина д“ Ампецо.

Третопласирана по првата трка, 29 – годишната Швајцарка без ниту една грешка ја мина патеката во второто возење и стигна до својот трет медал во Кортина д“ Ампецо, по златото во супервелеслалом и бронзата во спуст, со само две стотинки подобро време од второпласираната Американка, Микаела Шифрин.

Бронзениот медал го освои Австриската скијачка Катарина Линсбергер.

Светското првенство во алпско скијање во Кортина д“ Ампецо продолжува утре со машкиот велеслалом.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2021 23:11