МВР најавува посебен режим на сообраќајот на крстосницата помеѓу бул.„Александар Македонски“, ул. „16-та Македонска бригада“ и ул. „Интернационални бригади“.

Како што најавуваат од Министерството, ова следи по најавениот протест во временскиот период од 14 до 17 часот во текот на денешниот ден, како и во понеделник и вторник следната недела.

Протестот е организиран од страна на сопственици на ресторани за организирани настани, претставници на фото-студија и музички бендови.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2021 10:13