Aмерикaнската глумица Џоди Фостер вчера гостуваше на шоуто „Џими Кимел, во живо!“ Првичниот повод беше да го промовира нејзиниот нов филм „Мавританец“ (The Mauritanian), но таа посебно внимание му посвети и на бекот на „Грин Беј пакерс“ – Арон Роџерс.

Имено, при неговиот говор по прогласувањето за најдобар играч на американското НФЛ натпреварување, Роџерс ѝ се заблагодари на Фостер како „член на неговиот тим вон теренот“.

– Тој, просто, знае дека сум му најголема обожавателка. Тој затоа рече „мојот тим“. Тоа не значи дека навистина сум во неговиот тим, изјави таа.

Фостер е номинирана за Златен глобус за нејзината улога во „Мавританец“, па навести дека, „апсолутно“ ќе му врати на рагбистот, ако евентуално ја добие статуетката.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2021 11:37