Корисниците на дел од улицата „Филип Втори“ и дел од булеварот „Гоце Делчев“, вклучително објектите на А1, МНТ и МНР, имаат прекинато водоснабсување поради уличен дефект на цевка со пречник од 150 милиметри на улицата „Филип Втори“ во близина на МНР.

Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП „Водовод иканализација“ Скопје е прекинато од 10:00 часот, а вода ќе немаат до завршувањето на санацијата на дефектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2021 11:44