Не е „Ленинова“ во чест на Владимир Илич,„Ленинова“ е „Ленинова“ за скопјани. Ако тоа не можете да го разберете, не можете да размислувате да бидете дел од Скопје во оваа смисла во која зборувам. „Железничка“ е „Желеничка“ за скопјани. Таков тип на евидентни порано насилно скршени преименувани улици и скршена волја на граѓаните, едноставно мораме да ја корегираме. За тоа впрочем разговарав и со граганите во кампањата 2017 и тоа и е едно од ветувањата што ги кажав, истакна Шилегов по денешната заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев на претстојната реконструкција на Кејот 13 ноември.

Заев пак истакна дека најважно е Советот како надлежна институција да ги слуша мислењата на граѓаните.

– Важно е Советот како директно одговорен и биран од граѓаните на Град Скопје или во општините, да постапува онака како што граѓаните укажуваат, порача Заев, одговарајќи на новинарски прашања.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2021 16:04