Еден од најголемите текстописци на овие простори и легендарниот музичар Ѓорѓе Балашевиќ почина на 67-годишна возраст, јави дописникот на МИА од Белград.
Ѓорѓе Балашевиќ почина за време на лечењето Ковид-19 во Клиничкиот центар на Војводина. По домашното лекување, неговата состојба пред неколку дена му се влошила, па беше примен на Клиниката за инфективни болести, каде што понатаму се лекуваше од пневмонија предизвикана од Ковид-19.
Лекарите ги презедоа сите потребни мерки за лекување, но немаше подобрување. Попладнево неговата состојба се влоши поради неколку хронични здравствени проблеми.
Семејството ја потврди најтажната вест. Сопругата Оливера со плачлив глас за белградските медиуми изјави дека информациите се точни, исто како и нејзината ќерка Беба, која немаше сила да зборува.
Балашевиќ доживеа срцев удар во ноември 2019 година, поради што му беа вградени стентови. Поради ова, тој тогаш мораше да ги одложи најавените концерти.
Ѓорѓе Балашевиќ роден е на 11 мај 1953 година во Нови Сад.
Беше член на групите Жетва и Рани мраз, а во 1982 година започна соло кариера.
Има издадено вкупно 12 албуми и има глумено во неколку телевизиски серии, за кои пишувал и музика.
Во 1977 откако станал дел од групата Жетва, во истата година го издаваат синглот „У раздељак те љубим“ и со тоа го остварува првиот свој успех. Синглот е продаден во 180.000 примероци, што за тоа време претставувало голем успех.
Следната година ја напушта групата во која се афирмирал и заедно со Верица Тодоровиќ ја формира групата Рани мраз со која настапува на фестивалот во Опатија со песната „Моја прва Љубав“. Во текот на истата година снимаат уште неколку песни.
Пред започнувањето на снимањето на песната „Рачунајте на нас“ во работата на групата се приклучуваат бившите членови на групата Сунцокрети, Биљана Крстиќ и Бора Ѓоргевиќ (познат како Бора Чорба). Песната станала популарна како помеѓу властите, така и помеѓу народот и на извесен начин претставувала химна на генерацијата.
Во Сплит во 1979 година Балашевиќ ја освојува првата награда со песната Панонски морнар. Во текот на 1980 година за време на отслужување на воениот рок во Загреб и во Пожеревац каде учествува во снимањето на ТВ серијата Војници. При крајот на годината излегува албумот „Одлази циркус“, инаку последниот албума на групата Рани мраз.
Во почетокот на 1982 година, со издавање на албумот Пуб ја започнува својата соло кариера. Следната година во зимата првпат одржува концерт во Сава центарот во Белград. Насловната нумера од албумот Целовечерни тхе Кид (издаден во 1983 година) е снимена на англиски јазик и инспирирана е од мексиканскиот фолклор. Во април 1984 го издава својот трет соло албум на кој се наоѓа можеби надобрата негова песна Словенска.
Започнувајќи од следниот албум Бездан, Балашевиќ формира екипа која со него редовно ќе работи како студиска и концертна поддршка. Самиот Балашевиќ смета дека со овој албум започнува најплодниот дел од неговото творештво. Следниот албум Панта реи добива исклучително лоши критики кои веројатно се последица на тешкиот период кој авторот го имал во приватниот живот. Следниот албум Три послератна друга снимен е во 1989. Овој албум носи поднаслов Музика од истоимениот роман кој Балашевиќ го објавува во 1989 година. Овој албум бил добро прифатен како од публиката, така и од критиката. На овој албум се наоѓа и песната Д-мол – една од најубавте негови балади. Во периодот кога започнува војната во Југославија издаден е албумот Марим ја… Овој албум е запамтен по исклучително добрите текстови и носталгични ноти.
Во 1993 година Балашевиќ го снима албумот Један од оних живота. Албумот излегува во периодот на војната и економската криза која во СР Југославија постоела тогаш. Во тие години концертите на Балашевиќ поставуваат јавни чистилишта на кои тој изнесува критики против постојниот режим. По нешто подолга пауза, во 1996 година, го објавува албумот На послетку. Песните на овој албум се снимено претежно со акустични инструменти. Од инструменти користени се: фагот, обоа, труба, виолина кои на убав начин ја пренсуваат атмосферата на песните на Балашевиќ.
Во 2000 година Балашевиќ го објавува политичкиот албум Деведесете. Во овој албум тој јавно ги осудива настаните од претходната деценија.
Љубовните песни кои не се присутни во претходниот албум во потполност го исполнуваат албумот Дневник старог момка кој го објавува на крајот на 2001 година. Овој албум содржи дванаесет песни и секоја од нив за наслов носи женско име. Овој албум ѝ е посветен на негова сопруга Оља. Инаку, со комбинација на почетните букви на сите песни од албумот се добива „Оља је најбоља“