Европската ракометна федерација (ЕХФ) го одложи денеска натпреварот од деветтото коло во групата Д од Лига Европа помеѓу Еурофарм Пелистер и Рајн Некар Левен, закажан за идниот вторник во Битола, на барање на германскиот клуб.
Причина за одложувањето, како што соопшти попладнево Еурофарм Пелистер, е „неможноста германскиот клуб да допатува во Битола, а целосно да ги испочитува мерките за заштита во ковид-криза донесени од германската Влада“.
Рајн Некар Левен мора во рок од 48 часа да пристигне во Македонија со негативен ковид-тест, да го одигра натпреварот и да се врати дома. Клубот од Бундеслигата не пронајде таква опција и побара од ЕХФ одложување, соопшти Еурофарм Пелистер.