Австријката Катарина Линсбергер го освои денеска златниот медал на Светското првенство во алпско скијање во Кортина д’Ампецо.

Линсбергер, која беше првопласирана и по првата трка, стигна до својот трет медал во Кортина со време од 1:39:50.

Австриската скијачка претходно го освои златото во паралелен слалом, како и бронзата во велеслалом.

Сребрениот медал попладнево го освои Петра Влхова од Словачка, заостанувајќи една секунда зад Линсбергер, додека бронзениот медал и припадна на четирикратната последователна победничка во слалом, Американката Микаела Шифрин. Таа зад Линсбергер заостана 1, 98 секунди.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2021 17:34