Ракометарите на Вардар испуштија победа на вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите со Елверум и заради тоа беа критикувани од тренерот Стевче Алушовски.

– Секој натпревар исто. Исти грешки. Знаевме дека Елеврум игра добра транзиција. Се обидовме да ги спречиме, но не успеавме. Во второто полувреме Кизиќ ни помогна со неговите одбрани да дојдеме во водство со четири разлика, но ние направивме глупави технички грешки и исклучувања и тоа не крајот не чинеше победа, изјави Алушовски.

Средбата заврши 34:34, а „црвено-црните“ не реализираа „зицер“ за победа при 34:33, по што примија гол во последниот напад и останаа без полн плен.

Вардар е последен во А-групата со 4 бода од девет натпревари, Елверум има бод повеќе од 10 натпревари.

Двете екипи в среда ќе одиграат уште еден меч, овој пат на теренот на норвешкиот тим.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2021 21:37