Ракометарите на Металург го претрпеа седмиот пораз во осмиот натпревар во Лига Европа, откако вечерва убедливо загубија на гостувањето кај австриски Фајверс со 45:30 (22:13).

Домаќините веќе во воведните минути поведоа со седум голови предност (9:2) што до полувремето ги зголемија на плус девет и ги решија сите дилеми околу победникот.

Најефикасен во редовите на Металург беше црногорскиот интернационалец Милан Поповиќ со девет голови.

Металург по осум натпревари е последнопласиран во групата А, со седум порази и едно реми, а во следното, претпоследно, коло во групната фаза ќе игра на домашен терен против Адемар, на втори март.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/02/2021 23:33