Откако британскиот принц Хари и Меган Маркл официјално објавија дека трајно ги напуштаат своите кралски должности и по најавата на кралицата Елизабета Втора за нејзина телевизиска изјава на неколку часа пред закажаното интервју на принцот и неговата сопруга кај Опра Винфри, западните медиуми почнаа да шпекулираат околу тоа – кому ќе му припаднат нивните должности?

Така, британски „Мирор“ пишува дека кралицата „одамна одлучила“ кој ќе ги добие должностите. Според гласините, наместо Хари, принцезата Ана ќе биде генерал капетан на Кралската морнарица, а принцот Едвард или неговата сопруга Софи, наместо Маркл ќе биде патрон на Националниот театар.

Според британските медиуми, се чини, историјата се повторува, како и битката меѓу кралските традиции и промените кои ги носи светот и денешницата.

Интервјуто кај Опра, како и телевизиското обраќање на кралицата, ќе се случат на 7 март, ден пред британскиот државен празник Ден на Комонвелтот.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2021 14:57