Глумицата Кејли Куоко во ново интервју за „Варајети“ раскажува како била изненадена и шокирана од одлуката на продуцентот Чак Лоре да ѝ стави крај на светски познатата хумористична серија „Бубалици“ (The Big Bang Theory).

– Бев шокирана и не ни знаев што зборува. Ме погоди како гром од ведро небо!, раскажува Куоко (Пени).

Имено, таа заедно со нејзиното поранешно момче Џони Галецки (во серијата – Ленард), биле убедени дека ќе има и 13-та сезона и нашироко разговарале за тоа. Но, еден ден, Лоре ги викнал в канцеларија и им соопштил дека Џим Парсонс (Шелдон) одлучил да ја напушти серијата.

Продуцентот потоа им рекол дека проектот не може да продолжи ако еден член на екипата се откаже. Па, имало и плачење, негодување итн.

Глумицата била шокирана од сѐ тоа, но серијата никогаш не доживеа 13. сезона. Куоко потоа се прослави и со серијата „Стјуардеса“ (комедија-мистерија), а во мигов го снима филмот „Човекот од Торонто“ (The Man from Toronto) со Вуди Харелсон покрај неа.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/02/2021 12:16