Емилија Карафилоска од Охрид за литературната творба „Денот на Европа“ и Миа Велковска од Скопје за анимацијата „Очите на Европа“ се добитници на наградите од Конкурсот за најдобри аудиовизуели и литературни остварувања посветени по повод 9 Мај – Денот на Европа.

Одборот за доделување на наградите од Конкурсот беше составен од членови на Интернационалниот универзитет ЕУРОПА ПРИМА – Скопје, во соработка со Европската асоцијација на професори и Асоцијацијата за корпоративна безбедност – Скопје.

Од Интернационалниот универзитет ЕУРОПА ПРИМА – Скопје информираат дека свеченото доделување на наградите ќе се изврши онлајн, на Денот на Европа – 9 мај 2020 година, а добитниците на наградите ќе бидат објавени на веб страната на универзитетот www.europaprima.com.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/02/2021 22:18