Ема Вотсон ги негираше наводите дека ќе се повлече од актерството како своја професија. Имено, таа ги отфрла гласините на интернет што укажуваат на тоа, потврди менаџерот на глумицата за „Индепендент“.

– Профилите на социјалните мрежи на Ема се неактивни, но нејзината кариера не е во пад, рече нејзиниот агент.

Претходно, „Дејли меил“ пренесе дека младата филмска ѕвезда „паднала во латентна и инертна состојба“, што се толкуваше како предзнак дека Вотсон ја напушта глумата.

Таа, инаку, е позната по улогите во филмовите за Хари Потер од првото десетлетие од овој век, потоа – во „Убавицата и ѕверот“ (2017), „Мали жени“ (2019), „Круг“ (2017) „Блинг кругот“ (2013), „Ное“ (2014)… Според Семрежната база на филмски податоци – ИМДБ, засега Ема Вотсон нема нови филмски ангажмани.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/02/2021 10:45