Полскиот ски-скокач Пјотр Жила е победник на натпреварот од Светското првенство на малата скокалница во Оберздорф.

Жила до златото стигна со скови од 105 и 102,5 метри или вкупно 268,8 бода.

Второто место и сребрениот медал му припадна на домашниот натпреварувач Карл Гајгер со 265,2 бода (103.5 и 102 метри).

Бронзениот медал го освои третопласираниот Анже Ланишек од Словенија кој забележа скокови со должина 102,5 и 101 метар доволни за 261,5 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2021 23:46