Доброволно вакцинирање против Ковид-19 на сите екипи во Формула 1, понудија денеска властите во Бахреин спроти претстојниот старт на новата сезона во Ф1.
По откажувањето на Големата награда на Австралија, закажана за 21 март, Кралството Бахреин годинава ќе биде домаќин на претсезонските тестирања од 12 до 14 овој месец, а две недели подоцна, на 28. март и на првата трка од новата сезона
-Голем број учесници ќе бидат присутни во Бахреин три недели пред почетната трка. Тоа нуди уникатна можност да им пружиме дополнителна заштита на сите, кои сакаат да ја искористат оваа шанса во вид на вакцинирање со вакцините на „Фајзер/БиоНТек“, соопштија организаторите на трката за Големата награда на Бахреин.
Бахреин е меѓу водечките земји во светот според процентот на вакцинирано население на кое му се достапни вакцини против коронавирус од пет различни производители.