Луѓето постари од 65 години со здравствени проблеми можат да примат вакцина „АстраЗенека“, соопшти француското Министерство за здравство, иако претходно се тврдеше дека вакцината не е препорачлива за лица постари од 65 години.

Претходно, медиумите ја објавија изјавата на претседателот на Франција Емануел Макрон дека вакцината на АстраЗенека е „квази-ефекасна“ за лица постари од 65 години, додека истовремено во Велика Британија, вакцинирање на граѓани од сите возрасти со оваа вакцина беше дозволено од самиот почеток.

Министерката за здравство на Франција Оливија Веран посочи дека само лицата постари од 75 години ќе бидат вакцинирани со производи на Фазјер и Модерна во иднина.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2021 09:36