Глумецот Вил Смит во последото свое инервју, изјави дека размислува да се кандидира за претседател на САД, во одреден миг од својот живот.

Иако е успешен актер, со бројни холивудски наслови, можеби би сакал да се сврти кон политиката, како што тоа го направи раперот Кање Вест во 2020 година. Односно, и Вил Смит не ја исклучува можноста за тоа. Прашан – дали размислува да се „пресели“ во Белата куќа, глумецот се насмеа…

– Ќе почекам прво да ја исчистат, а потоа ќе почнам да размислувам за тоа, рече Смит.

Тој се смета себеси за човек кој има силен став, оптимист, полн надеж и разбирање за луѓето и верува во хармонија. – Се обидувам да направам сѐ што е во моја моќ, дали како уметник или во „плитката арена“, да се постигне тоа, рече тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2021 11:52