Повеќе од 15 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на автопат во близина на американско-мексиканската граница во Калифорнија.

Судирот се случил околу 6,30 часот наутро по локално време северно од американско-мексиканската граница во местото Калексико околу 100 километри источно од Сан Диего, се наведува во полициското соопштение.

Според директорката на службата за итна помош при локалниот медицински центар, околу 27 луѓе се наоѓале во товарно возило кое удрило во камион полн со чакал.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2021 22:59