Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава објави оглас за осум лица кои ќе му се придружат како први туристи на патот околу Месечината со летало на Спејс-Икс.

Тој првично планираше да покани уметници на еднодневното патување… Тоа инаку, е закажано за 2023 година. – Проектот ќе им даде можност на луѓето од целиот свет да се приклучат на ова патување. Ако се гледате себеси како уметник, тогаш сте уметник!, изјави Маезава.

Првата фаза на пријавувањето трае до 14 март.

Маезава е познат по своите колекции на уметнички дела и суперавтомобили, како и по подароците „во готовина“, поради што има најмногу следачи во Јапонија на својот Твитер-профил.

Тој лани почна краткорочна „документарна потрага“ по нова девојка која би му се придружила на патувањето… Но, потоа тој се повлече опишувајќи го потфатот како плод на „измешани чувства“.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2021 11:51