Глумецот Ентони Хопкинс во младоста пиел многу и, како што вели самиот – западнал во катастрофа. Во разговор за „Сандеј тајмс“, признава дека жали за тоа, но оти не може да го промени минатото…

Според неговите кажувања, тој пиел бидејќи „се чувствувал виновен и длабоко се срамел од својата среќа во глумата“. Сепак, минале над 45 години откако оскаровецот е трезен. Гледајќи наназад на почетоците на неговата кариера, Хопкинс се присети на едно време кога мислел дека пиењето е „прекрасен начин за одјава“ од денот и обврските за него.

– Затоа и пиев. Имав чудни судири во себе. Не се чувствував добро во мојата кожата. Се чувствував виновен и засрамен, мислев дека не сум достоен за среќата што ја имав како глумец, вели Ентони Хопкинс (83).

Оскаровецот и самиот признава дека често се опивал „до смрт“, но вели и дека не пробал ниту капка алкохол од 1975 година наваму.

– Кога побарав помош и сфатив дека не сум сам – дека има илјада луѓе како мене, сите мои стравови почнаа да исчезнуваат. Готово беше со пијанството. Оттогаш мојот живот се подобри… Решив дека сакам да живеам. Одеднаш дојде олеснувањето и мојот живот беше неверојатен!, рече актерот.

Многу филмски и театарски работници остро го напаѓаа за неговата слабост кон алкохолот во младоста. Тој продолжи да пие, а резултатот од неговата зависност беа скандали за време и по актерските изведби.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2021 12:48