Општина Бутел во наредните три месеци има предвидено реконструкција на повеќе од осум улици кои се дел од овогодишната програма.

Според предвидената динамика за реконструкција, вчера Градоначалникот Велимир Смилевски направи увид на градежните активности каде што веќе е отпочната подготовка и тампонирање на крак 21 до крак 7 од улица Радишанска во должина од 650 метри и 3 метри широчина.

Каракот се спојува со улица 13 и го обслужува населението од Расадник кое брои околу 500 домаќинства.

Општина Бутел во периодот кој следи предвидува активности за рамномерно инвестирање во локалната инфраструктура и урбанистички развој на општината.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2021 14:19