Властите во Мјанмар обвинјија пет новинари и еден фоторепортер на Асошиејтед прес за кршење на Законот за јавен поредок и ако бидат прогласени за виновни би можеле да бидат осудени на три години затвор.

Шесте медиумски работници се приведени во текот на протестите, кои почнаа по воениот удар изведе на 1 февруари, со што беше соборена избраната Влада на Аунг Сан Су Чи.

Четворица од обвинетите новинари се вработени во локалните медиуми и еден „фриленсер“.

Според Законот за јавен поредок предвидени се казни за секој кој предизвикува страв во јавноста, свесно шири лажни вести или директно или индиректно агитира за кривиќно дело против државен службеник.

Протестите во Мјанмар почнаа на 2 февруари, а на денешните демонстрации ширум земјата убиени се најмалку 13 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2021 16:21