Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу телефонски разговарал со неговиот грчки колега Никос Дендиас и му изразил солидарност, но и подготвеност за помош, доколку биде потребно, по денешниот земјотрес од шест степени во близина на Лариса, објавија двајцата министри за надворешни работи на нивните Твитер профили, јави дописничката на МИА од Атина.

За време на телефонскиот разговор присутен бил и шефот на грузиската дипломатија Давид Залкалиани, кој е во посета на Турција и исто така изразил поддршка и солидарност.

Министерот за надворешни работи на Грција телефонски разговарал и со неговиот кипарски колега Никос Христодулидис, кој му се јавил по земјотресот и понудил помош од Кипар, доколку има потреба.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2021 16:31