Европската медицинска агенција (ЕМА) смета дека сè уште не е време да препорача промени во опсегот помеѓу две дози вакцини против коронавирус и покрај притисокот од земјите на Европската унија по позитивните податоци за нивото на заштита по една доза.

Како што пренесуваат странските агенции, програмата за вакцинација на ЕУ доцни во споредба со програмите на САД и Велика Британија, поради што некои земји мораа да импровизираат како да го вакцинираат населението.

Британија предничи затоа што го зголеми интервалот помеѓу две дози, а за вакцината на „Фајзер/Бионтек“ Лондон препорачува интервал до 12 недели, додека ЕМА се придржува до препораката од три недели.

– Израелска студија направена минатата недела покажа дека една доза вакцина на „Фајзер“ штити 57 проценти од симптоматската инфекција по две недели.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2021 16:33