Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, во денешното обраќање до јавноста ги изложи правците на надворешната политика на САД, за што истакна дека „како никогаш порано границите меѓу внатрешната и надворешната политика речиси и да не постојат“.

Справувањето со дезинформациите, расколот во општеството „кога Американците се поделени како никогаш порано“, борбата со Ковид-19, и обновата на економијата, од сите овие приоритети зависи и американската надворешна политика, истакна Блинкен.

Укажа на важноста од учеството и лидерствотпо на САД во меѓународните работи, дека „Америка владее со уникатна способност да ги обедини земјите за решение на проблемите што ниту една земја неможе да ги реши сама“.

Според него, најдобриот начин за решавање на проблемите на денешницата е дипломатијата.

Тој приоритетите на американската надворешна политика ги подели во осум точки.

Првата е борбата со пандемијата на коронавирусот и зацврстување на глобалниот здравствен систем, „а тоа бара соработка меѓу владите, научниците, компаниите и луѓето од цел свет“.

Втората задача е надминување на економската криза и изградба на постабилна и инклузивна глобална економија.

-Треба да се спроведат добри политички иницијативи во земјата, за да се влијае на глобалната економија, а тоа би дејствувало поволно за американскиот народ. И не вклучува само раст на БДП или раст на берзите… туку и солидни работни места, солидни доходи и пониски расходи за оддржување на домаќинствата на американските работници и семејства, истакна Блинкен.

Третата задаче е обнова на демократијата во САД

-Никогаш поране не сме биле толку разделени, нашата демократијата е ослабена. Ќе се бориме да ја обновиме, и да работиме со силите на сопственото искуство. Ако бидеме слаби во тоа, нашите соперници, како Русија и Кина, веднаш гледаат можност да не разединат на нашите слабости. Силната демократија е постабилна, поотворена, подобра за човековите права и економијта. Кога е ослабена, ние стануваме послаби одвнатре и од надвор за нашите сојузници, истакна тој

Додаде: „Прашањето не е дали, туку како ќе ја поддржуваме демократијата. Но тоа нема да го правиме со воени интервенции како во минатото, кои ја разнишаа довербата на некои народи кон САД.

Четврто, ќе работиме на солидна имиграциска политика“, истакна државниот секретар.

Петтата точка е обнова на односите со сојузниците и партнерите, „кои ги вклучуваат сојузниците од ЕУ и новите партнери од Африка.“

-Тоа го нарекуваме просветлен свој интерес. Подобро да бидема на масата за разовори и средби отколку надвор од неа, истакна Блинкен

Шестата точка е борба против климатските промени, „кои не загрозуаат и се опасни а проблемот не може да го решиме сами, без учество на другите земји“.

-САД произведуваат 15 отсто од издувните гасови во светот. Но дури и да успееме да ги намалиме до нула, нема да ја запреме кризата, бидејќи 85 отсто доаѓаат од другите земји. Ветерната и сончевата енергија не се иднина, туку се случуваат сега.

Седмата точка, според него, е Америка да продолжи со лидерството во научниот и технолошкиот сектор и зацврстување на одбранбениот потенцијал во однос на хакерски упади како оној што неодамна се случи врз американски компании и државни агенции.

Осмата точка е Кина.

-За нас, повеќе држави се предизвик, како Русија или Јемен. Но најистакнат предизвик за САД е Кина, која има најсилен капацитет да стане наш технолошки и воен противник. Се стремиме со ангажман преку сите дипломатски канали да се спротивставиме на непријателските позиции на Кина, но и да работиме со неа на работите кои не зближуваат, истакна Блинкен

Како никогаш претходно границите меѓу внатершната и надворешната политика се сосема намалени, укажа тој.

-Претседателот Бајден истакна дека дипломатијата ќе има централна улога во американската надворешна поитика. Но ако има потреба и ако животите на америакнски граѓани се загрозени, како минатата недела во Ирак, ќе употребиме и воена сила.

САД се земја со интегритет, го бранат и го ценат тоа што го имаат стакнато со способноста на нивните предци дојденци, и Американците остануваат горди на тоа, истакна Блинкен.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2021 22:44