Ако Латас во дневникот на кој што тој беше уредник прилозите ги најавуваше само со коментар “следи прилогот број 1“ „а сега ќе го гледате прилогот број 2“ и така натаму, Миленко Неделковски ја започна својата емисија со најава кон гледачите и потоа молчеше. Целата емисија траеше 20 минути која помина во целосно ќутење од страна на водителот во знак на протест според цензурата на АВМУ која ја спроведува врз медиумите преку изречените казни.


По Латас и Миленко со протест против АВМУ

Водителот на својата фејсбук страна објави коментар: “Емисијата од синојка. Избалансирана, коректна, аргументирана, содржајна со неучество на повеќемина соќутници. Да живее Ад хок телото, да живее ААВМУ, да живеат амбасадите... Патуваме кон светлата иднина.“

По Латас и Миленко со протест против АВМУ


Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2016 01:17