Вечерва, тимот на МЗТ Скопје го доживеа четвртиот пораз во АБА лигата, иако речиси и да ја имаа победата во свои раце. Кошаркарите на МЗТ кои настапија без Мејси и Томас во третата четвртина стигнаа и до 13 поени разлика, но тоа не беше доволно да во регуларниот дел стигнат до првата победа во АБА лигата. Падот на концентрацијата на избраниците на Рајковиќ, допринесе играчите на Цибона да стигнат до изнедначување во последната четвртина за да на продолжетоци успеат да слават со 89:85.


Прокоцкана победа, Рајковиќ поднесе оставка, раскин на договорот со Мејси и Томас

По натпреварот, тренерот на популарните штркови, Емија Рајковиќ поднесе неотповиклива оставка, а управата најави дека ги прекинува и договорите со Мејси и Томас, двајцата американци во составот на МЗТ кои не ги оправдаа очекувањата.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2016 00:36