Американскиот глумец Алек Болдвин, според многумина – неправедно обвинуван за шовинизам, го напушти Твитер. Во „прошталното видео“ тој вели дека, засега, е презаситен од социјалните мрежи и се правда за неговиот кус коментар за неговата американска колешка Џилијан Андерсон и нејзиното менување на американско-британскиот нагласок во еден свој јавен настап.

„Забележав дека некој рече дека глумицава, која нема да ја спомнувам (по име), го менувала нагласокот на нејзиното шоу – од британски (што го користи во „Круната“) во американски… Јас само напишав: ’Ох, тоа е интересно’. Се разбира, не може никако да бидете иронични на Твитер. Не можете никако да бидете иронични во Соединетите Американски Држави, затоа што САД се e толку стегнато, стресно место сега. Толку непријатно место сега. Но, на личноста на којашто ѝ го упатив коментарот, всушност, сум ѝ огромен обожавател. Голем, огромен обожавател. Коментарот требаше да ја илустрира поентата дека наоѓам мултикултурни изрази, чии било – без оглед на јазикот, земјата, музиката, храната, облеката, уметноста – што и да е важно во тие изрази за вас, тоа е ваша работа“ објаснува Болдвин.

Сепак, глумецот смета дека на Твитер „во овој миг се наоѓаат сите г**нари во САД и пошироко“, па и најмалата ситница станува „сочна приказна“.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2021 11:36