Полицијата во Мјанмар денеска повторно отвори оган врз демонстрантите во Мандалеј и уби еден човек, а голем број луѓе повторно се собраа во Јангон, Патејн и други градови во знак на протест против државниот удар со кој армијата на 1 февруари ја презеде власта.

Неколку илјади луѓе денеска мирно маршираа денес во Мандалеј кога полицијата отвори оган за да ги разбие демонстрантите и еден човек беше застрелан во грлото, потврдија сведоци.

Во Јангон полицијата истрела гумени куршуми и шок-бомби за да ги растера демонстрантите на кои им се придружија околу 100 лекари во бели мантили.

Високата комесарка за човекови права на ОН, Мишел Башеле, побара од полицијата да престане со акцијата против мирните демонстранти и изјави дека се уапсени повеќе од 1.700 лица, од кои 29 новинари.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2021 15:08