Потпретседателот на Европската Комисија, Валдис Домбровскис разговараше денеска со австралискиот министер за трговија Инкумбент Ден Техан откако Италија блокираше извоз на вакцини на АстраЗенека.

Италија, со поддршка на другите земји на ЕУ, спречи испорака на дози на вакцината АстраЗенка кон Австралија поради недостаток на дози и неиспорачани вакцини од страна на фармацевтската компанија.

Австралиската Влада побара од ЕК да изврши притисок и да се ревидира италијанската блокада, но Комисијата изрази разбирање за Рим.

– Потпретседателот на Европската Комисија, Валдис Домбровскис, задолжен за трговија, разговараше изутринава со својот австралиски колега и ја објаснил ситуацијата. Тие разговараа за механизмот за дозвола на извоз и извршниот потпретседател објасни како функционира системот, како и тоа што има систематски недоволна испорака од страна на АстраЗенека, изјави портпаролката Мириам Гарсиа Ферер.

ЕК уверува дека нема никаков проблем со извозот на вакцини од другите фармацевтски компании, само со АстраЗенека и уште еднаш ја повика компанијата да ги испорача ветените дози.

– Очекуваме компаниите кои имаат потпишано договори со ЕУ да направат максимум за да ги почитуваат договорите за испорака, изјави портпаролот Ерик Мамер.

Тој додаде дека ЕУ е еден од главните извезувачи на вакцини во светот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2021 15:23