Снаа од Кавадарци пријавила во полиција дека била физички нападната од свекрвата и золвата.

Како што информира денеска Верољуб Додевски, портпарол ја СВР Велес, се работи за 24-годишна кавадарчанка, која нападот го пријавила вчера во ОВР Кавадарци. Таа појаснила дека била нападната во дворот на нејзината семејна куќа од мајката и сестрата на сопругот.

По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2021 16:06