Актерот и шоумен Тони Михајловски повторно ќе го гледаме во улога на водител и тоа со неговиот најпознат проект – „Опуштено“!

Премиерата на емисијата ќе биде вечерва, а ќе се емитува секој петок од 22:30 часот на Телевизија Алфа.

Во меѓувреме се потсетуваме на легендарното видео од емисијата „Опуштено“ која тогаш се емитуваше на Сител Телевизија и во која Тони Михајловски „ја поздрави“ Цаци Паковска водителката која во нејзината емисија го критикуваше стилот на облекување на актерот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2021 21:48