САД ги обвинија претседателот на Сирија, Башар ал-Асад, и Русија за обиди на блокирање на сите напори Дамаск да биде повикан на одговорност за користење на хемиско оружје против цивилното население.

Линда Томас Гринфилд, постојан претставник на САД во ОН, изјави синоќа во Советот за безбедност дека „режимот на Асад се обидува да избегне одговорност со блокадите на независните истраги и поткопување на работата на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ).

-Русија го заштитува режимот на Асад и покрај нападите извршени од тој режим со хемиско оружје. Таа им нанесува удари на професионалните активности на ОПЦВ и ги поткопува напорите режимот на Асад да се повика на одговорност за користиење хемиско оружје и бројни други злодела, изјави Томас Гринфилд.

Истражители на ОПЦВ лани во април ја обвинија владата на Асад за три хемиски напади извршени во 2017 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2021 22:27