Во насока на унапредување на знаењата и вештините за укажување прва помош, Црвениот крст на Град Скопје и петте општински организации на територија на Скопје иницираа формирање Центар за прва помош, кој почна со работа на 28 декември 2020 година, а свечено ќе биде отворен денеска.
На отворањето ќе присуствуваат генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити и секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Пауновска.
Од Црвениот крст посочуваат дека обуката за прва помош за кандидати за возачи е приоритетна областа, но оти континуирано ќе се спроведуваат обуки и за правни и за физички лица бидејќи само правилно стекнатите знаења и вештини значат навремено и правилно укажана прва помош и спасен живот.
Центарот располага со пет предавални и капацитет од 60 лица во ист момент да следат обука, односно 120 лица на дневна основа. Во услови на КОВИД 19, обуките се реализираат со почитување на сите протоколи и мерки за заштита и тој ќе работи од понеделник до петок од 08:00 – 20:00 часот. Обуките ќе се реализираат во два термина во текот на денот и тоа 09:00-12:30 и 16:30 – 20:00.