Селекторот на македонската женска ракометна репрезентација Симе Симовски денеска го објави списокот со 20 ракометарки за претстојниот квалификациски турнир на домашен терен за пласман на Светското првенство.
Квалификацискиот турнир, на кој македонските ракометарки за противници ќе ги имаат репрезентациите на Грција, Исланд и Литванија, ќе се игра во Скопје од 19 до 21 март, а првиот собир селекторот Симовски го закажа за почетокот на идната недела.
Повикани ракометарки се Драгана Петковска, Матеја Серафимова, Јована Мицевска, Анастасија Николовска, Сара Ристовска, Теодора Дукоска, Елена Ливриниќ, Сања Дабеска, Ангела Јанколовска, Милица Николиќ, Андреа Седлоска, Симона Стојковска, Дајана Јовановска, Симона Стојановска, Александра Боризовска, Леонида Гичевска, Елена Ѓорѓиевска, Јована Кипријановска, Ивана Џатевска, Ивана Гакидова.