Американскиот технмолошки гигант Епл (Apple) во германскиот град Минхен ќе изгради Европски центар за силиконски дизајн, при што во следните три години ќе инвестира над една милијарда евра. Средствата ќе бидат наменети за зголемување на тимот, како и за истражување и развој.
Минхен и досега е најголем инженерски центар на ЕПЛ во Европа, со речиси 1.500 инженери од 40 земји кои работат во различни области, вклучително и управување со енергија, развој на процесори и безжична технологија.
– Новиот центар ќе биде дом на растечката филијала на Епл, најголем центар за истражување и развој во областа на мобилни безжични полупроводници и софтвер, се наведува во соопштението на компанијата.
Исто така, предвидено е новиот центар да биде фокусиран и на 5Г и на други бежични технологии.
Еплк во Минхен има филијала од 1981 година, а новиот Центар треба да почне со работа во 2022 година.
Европска Унија вчера соопшти дека поставила цел да контролира 20 проценти од светскиот пазар за полупроводници од 2030 година. Според плановите на Европска комисија, ЕУ ќе го развие својот прв квантен компјутер пред крајот на деценијата за да се подготви за новата ера на брзите компјутери.