Принцот Вилијам денеска изјави дека членовите на британското кралско семејство не се расисти откако Меган, сопругата на неговиот помлад брат Хари, рече дека неименуван член на семејството се прашувал колку може да биде темна бојата на кожата на нивниот син Арчи.

Меган (39) ги изнесе обвинувањата за време на ексклузивното обемно интервју што таа и Хари (36) и го дадоа на Опра Винфри, што се емитуваше во неделата, создавајќи најголема криза во британската монархија од 1997 година, кога беше убиена принцезата Дајана, мајката на Вилијам и Хари.

За време на посетата на едно училиште во источен Лондон, Вилијам изјави дека не разговарал со Хари од објавувањето на интервјуто пред нешто повеќе од три дена.

– Сè уште не сум разговарал со него, но ќе разговарам, рече 38-годишниот Вилијам.

На прашањето на новинарите дали кралското семејство е расистичко, Вилијам одговори: Ние сигурно не сме расистичко семејство.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2021 22:51