Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија, денес донесе Одлука за доделување парична награда во износ од 20.000 евра на сениорската машка ракометна репрезентација за извојуваната победа против актуелниот светски и олимписки шампион, селекцијата на Данска.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчеравечер во рамките на квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2022 ја совладаа Данска со 33:29.

Од РФМ информираат и за усвоениот предлог за Генерален секретар на федерацијата да биде реизбран Филип Милошевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2021 14:13